Loading Video...
Спорт плус
22. November 2020 - 17:53

Мигел Оливера победник на последната трка во сезоната на Мото ГП шампионатот

На задоволство на организатор на последната трка сезонава во Мото ГП шампионатот, што се возеше за Големата награда на Португалија, триумфираше Мигел Оливера.
 
За Португалецот ова е втора победа во „кралската класа“ во кариерата, а прв пат во родната Португалија. 
 
Членот на тимот Ред Бул КТМ, до највисокиот место на пиедесталот стигна пред Џек Милнер кој во последниот круг го мина Франко Морбидели, па Австралиецот заврши на второто, а Италијанецот на третото место. 
 
Шампион  Жоан Мир кој на претходната трка ја обезбеди титулата, прва за Шпанецот во кариерата, денешната трка во Португалија не ја заврши. 
 
Тимот на Сузуки убедливо го освои првото место, додека во конкуренција на конструктори заедно со Дукати двата тима освоија по 201 бод.