-->
-->
Милан го и следната сезона ќе игра во ЛШ
-->
Фудбалерите на Милан го победија Јувентус со 1:0 во дербито од 37. коло на Серија А и со тоа се пласираа во Лигата на шампионите следната сезона.
Јунак на натпреварот беше Оливие Жиру, кој во 40. минута го постигна единствениот гол на натпреварот и со тоа му донесе вредни три бода на својот тим. По новата победа, Росонерите се на четвртото место со 67 бодови, дури шест повеќе од Аталанта. Јувентус остана во конкуренција за конференциската лига и моментално е седми со 59 бодови.
Кога станува збор за самиот натпревар, во текот на 90-те минути игра немаше премногу шанси, а по центаршутот на Калабрија во 40. минута, францускиот напаѓач постигна гол за конечни 1:0.
До крајот на натпреварот Јувентус напаѓаше, а на моменти беше и подобриот играч на теренот, но резултатот не се менуваше.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Османи: Воената агресија на Русија влијае на севкупната функционалност на ОБСЕ
-
Притвор за 18-годишниот скопјанец кој прегази малолетничка со украден автомобил
-
18-годишник усмртил малолетничка со украдена „Алфа ромео“, па избегал
-
Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за амнестија
-
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Го осуетивме планот на власта, нема уставни изнени под бугарски диктат
-
Македонската кик бокс репрезентација која учествуваше на Европското во Истанбул на прием во Агенција за млади и спорт
-
УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите
-
На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, вели Бектеши