Миле Јанакиески со ортопедски помагала и полиција дојде на судењето за ,,Топлик"
По барање на судијата Осман Шабани, обвинетиот Јанакиески, денеска на судењето за ,,Топлик", беше донесен со полиција. Поради повреда на ногата и хирушка операција, поранешниот министер за транспорт и врски, на судењето пристигна со ортопедски помагала. За својата здравствена состојба, тој до судот доставил и медицинска експертиза.
Одбраната на Јанакиески, на почеток од судењето побара од судијата Шабани, барем да го праша обвинетиот дали се чувствува добро, со оглед дека тој седи во средина на судницата со испружена нога поради повреда.
На денешното рочиште, судот ги одби сите дополнителни докази на одбраната, со што заврши доказната постапка и на 9 февруари, судењето продолжува со завршни зборови.
Во „Топлик“ осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште за изградба на проектот Сончев град.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите