-->
-->
Милевски се надева на подобри денови
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на домашен терен од Бугарија со 0-1 во последниот натпревар од ова издание во Лигата на нации. Селекторот Благоја Милевски вели дека и покрај поразите во низа, Македонија е на вистинскиот пат...
„Момците покажаа голема желба за победа и немам ништо да им замерам од таа страна. Во овие момци има потенцијал. Се наоѓаме во период на транзиција каде овие млади играчи што доаѓаат мора да добијат минутажа за да бидат конкуренти во квалификациите за ЕВРО 2024. Мислам дека сме на вистинскиот пат без разлика на сите проблеми што ги имаме, многуте откажувања и натпреварувачката форма. Дали двајца или тројца фудбалери имаат фул минутажа во своите клубови. Повторно од наш корнер примаме гол. Тоа се моменти на деконцентрација и мислам дека се тоа доаѓа од физичката неподготвеност. Но, имаме време до март и мислам дека фудбалерите многу повеќе ќе играат и во клубовите“, изјави Боби Милевски.
Селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ, беше многу порасположен по триумфот.
„Бугарија по четири години победи на гости. Одигравме добар натпревар. Не треба да се измислува топла вода во фудбалот. Без атмосфера и желба не може да се направи ништо во репрезентација. Никој не веруваше во нас пред овие два меча. Едноставно моравме да направиме рез. Јас бев победник како играч, тоа сакам да бидам и како селектор. Не е лесно да се игра пред овие прекрасни навивач, околу 20 илјади луѓе, овие млади играчи требаше да го издржат притисокот и да стигнат до победа“, изјави Младен Крстајиќ, селекторот на Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација