Loading Video...
Свет
8. April 2020 - 14:22

Милион и 400 илјади заболени и речиси 83 илјади починати од Ковид-19 во светот

1, 4 милиони луѓе во светот се заболени од корона вирусот, а речиси 83.000 починале од болеста. Ова се последните податоци од  Џонс Хопкинс Универзитетот. Во Европа се’ уште најкритична е Италија со најголема смртност од 17.000, а по неа следува Шпанија со 14.000 починати од корона вирусот. Франција досега има 10.000 жртви.Светската здравствена организација предупреди рестриктивните мерки во Европа да останат во сила, бидејки таа и натаму е епицентар на пандемијата, со половина болни од корона во светот. Во меѓувреме британскиот премиер веќе втор ден е на интензивна нега. Болничките извори велат дека Борис Џонсон е во стабилна состојба и не е на респиратор.Тој беше дијагностициран со Ковид-19 пред две недели, но беше хоспитилизаран во неделата.

Во САД критично е во Њујорк, каде бројот на починати ја надмина бројката од 5.500, а бројот на заболени во САД во целост изнесува над 400.000 луѓе. Во регионот во Србија засега болеста е најрапространета со вкупно 2.447 заразени и  61 починат пациент. Меѓу инфицираните има и 260 здравстевни работници.