Македонија
25. February 2020 - 16:32

Милошоски ги предаде снимките во ЈО, СДСМ смета дека снимката не го компромитира Заев

И втората бомба на Милошоски стигна кај Рускоска. Откако претходно ја објави на прес конференција, пратеникот на опозицијата, аудио снимката на која се слуша премиерот како наводно врши влијание врз правосудниот систем утрово ја достави и до обвинителството. Вели, дека таа е направена на средба во Владата на која било присутно и едно од лицата опфатени во случајот Рекет

Од обвинителството за Сител потврдуваат дека утрово ја добиле снимката. Велат таа е предадена на надлежен обвинител кој по анализата ќе треба да реши што ќе прави со неа и дали таа може да биде основ за поведување на кривична постапка.
Од СДСМ и денеска го повторија истиот став. Снимката не го компромитира екс премиерот Заев

За една недела, ова е втора аудио снимка на која се слуша гласот на екс премиерот. Претходно Милошоски на говорница во Собранието објави снимка која според него покажува дека Заев знаел како се финансира 1тв и лично помагал во тоа. Иако снимката веќе неколку дена е во Обвинителството, до овој момент како што велат од таму, надлежниот обвинител се уште не донел одлука што ќе прави со неа.