Македонија
23. January 2017 - 16:45

Милошоски: Катица Јанева има недосаток на професионален капацитет и стручен интегритет

Молчи Јанева, молчи и Заев, неколку дена без одговор за одлуката за повлекување на обвинението за случајот Пуч, ниту пак барање од Заев за судска разрешница ВМРО-ДПМНЕ оценува дека целата јавност ја знае вината. Од партијата порачуваат дека да бил невин Заев ќе побарал судска разрешница, а да била Јанева професионалец ќе се појавела на рочиште, но таа според ВМРО – ДПМНЕ се ставила во улога на суд.

- После оваа скандалозна, политичка и непрофесионална одлука на СЈО повеќе нема дилеми. Предметите на кои ги отвара госпоѓата Јанева се отпочнати од една единствена причина, само да му се помогне на Зоран Заев уште еднаш преку политиката да ја избегне својата кривична одговорност.
Катица Јанева знае дека признанието на Ѕвонко Костовски е непобитен доказ за организираната криминална мрежа на Заев и Верушевски. И знае дека скајп комуникацијата во која што се заговараат и граѓански немири е непобитен доказ за делувањето на оваа група. Катица Јанева знае дека материјалите се обезбедени со посебни истражни мерки и тие ја потврдуваат одговорноста на Заев.
Затоа госпоѓата Јанева се одлучи со политички акт а, не со обвинителски или правен акт да го заштити политичарот Зоран Заев кој што ја злоупотребува политиката за да се затскрие од своите криминални влијанија, вели Антонио Милошоски.

Од ВМРО – ДПМНЕ порачуваат дека овој случај не завршува со политичката одлука на Катица Јанева, и порано или подоцна Зоран Заев и Верушевски ќе одговараат за тоа што го сториле на Република Македонија и за што се обезбедени докази.  

Во својата последна колумна пак Сотир Костов пишува за основните не познавања на правото кох Катица Јаенав ги демонстрира со долуката да го повлече обвинението за случајот Пуч. Костов оценува дека таа носејки одлуката по нарачка покрај тоа што и наштетила на државата директно му наштетила и на Заев, оневозможќувајки го во судот да докаже дали е виновен или не.

 - Kатица Јанева е во срамен и скандалозен судир со законски пропишаното истражно начело и начелото на контрадикторност (во кривичниот спор се спротивставени поединецот и државата). Значи, таа бега од главна расправа пред суд, бега од обезбедување, предлагање и изведување докази, и прави нешто што е недозволено: однапред ја утврдува доказната важност на определени факти. Тоа е неправично и невозможно, бидејќи тоа го прави судот во постапката на докажување, фаза – оценка на доказите. Таа оценка на судот е единствено меродавна, и во случајот Јанева не дозволи да дојде до тоа. Kај Kатица Јанева има недостаток на професионален капацитет, а го препознавам и отсуството на стручниот интегритет што треба да го има еден специјален јавен обвинител. Тоа е повеќе од јасно и видливо, заклучува Сотир Костов во својата колумна.