Loading Video...
Кошарка
18. July 2021 - 16:06

Милвоки на чекор до НБА титулата

 
 
Кошаркарите на Милвоки ги дели само уште една победа од освојување на шампионската титула во НБА лигата. 
 
„Бакси“ иако ги загубија првите два меча од финалето против Феникс, сега со серија од три победи се многу блиски до титулата. Во супер интересен натпревар тимот на Милвоки се радуваше на теренот на „Сонцата„ со конечен резултат 123-119. 
 
Повторно предводници на Милвоки беа Антетокуомпо со 32 и Мидлтон со 29 поени, кои сега имаа голема поддршка и од Холидеј кој средбата ја заврши со 27 постигнати поени. 
 
На „Сонцата“ не им помогнаа ниту 40-те поени на Букер, како и дабл-дабл учинокот на Крис Пол со 21 поен и 11 скокови. 
 
Првата можност за освојување на титулата Милвоки ќе ја има пред своијата публика веќе во среда наутро (во 3 часот по македонско време), додека евентуалната мајсторка би де играла во петок наутро (3 часот) но на теренот на Феникс.