Минчев: Немаме интерес од признавање на „бугарско малцинство“ во Македонија
Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на „бугарско малцинство“ во Македонија, објави на Фејсбук познатиот бугарски политиколог Огнен Минчев.
Според него, како што јави дописникот на МИА од Софија, врз база на билатералната бугарско-македонска декларација од 1999 година е утврден принципот земјите да имаат обврска да ги почитуваат индивидуалните права на своите граѓани на самоидентификација и слободно изразување на својот идентитет во доброволни здруженија во сферата на граѓанското општество.
Минчев во објавата додава дека бугарската држава признава рамноправни граѓани, а не малцинства и мнозинства.
– Крајно време е во бугарските институции, најмногу во Министерството за надворешни работи, да започнат да раководат компетентни луѓе и да се запре донесувањето парцијални одлуки. Големата „беља“ што ја направија разни „патриоти“, не може да биде поправена со нови „идиотски решенија“, извадени од контекст и национален интерес, вели Минчев.
Во петокот вршителот на должност шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев изјави дека Министерствоот за надворешни работи би сакало Бугарите во Македонија да бидат впишани во Уставот на земјата заедно со останатите наброени народи во него.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили