Кошарка
17. January 2022 - 15:48

Минесота подобра од Голден Стејт во дербито на западот

Во дербито на вечерта, во кој се сретнаа четврто и второ рангираните тимови во Западната конференција., екипата на Минесота беше подобра од на Голден Стејт со 119-99. Со тоа „Тимбервулфси“ им го нанесоа петиот пораз на последните седум одиграни натпревари на „Вориорси“ кои остануваат на втората позиција 
 
Затоа пак прво рангираниот тим на западот, Феникс Санс беше убедлив во дуелот со вториот најлош тим во лигата Детроит кого „сонцата“ го совладаа со убедливи 27 поени разлика 135-108. 
 
И трето пласираниот тим на западот немаше проблеми да стигне до нова победа. Јута славеше триумф на гостувањето кај Денвер со 125-102, меч во кој Донован МИчеј со 31 поен беше најегфиксниот играч на натпреварот и во редовите на победничката екипа, додека Србинот, Никола Јакиќ за домаќините оствари трип-дабл учинок со 25 поени, 15 скокови и 14 асистенции.