Македонија
13. September 2019 - 9:11

Министерката Шекеринска во посета на Центарот за обука на пилоти

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска  ќе го посети Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Повод за работната посета е почетокот на обуката на новата деветта генерација кандидати за пилоти. Министерката ќе има можност да ја погледне и обуката на полските воени пилоти кои се обучуваат на симулаторот МИ24 во овој Центар.