Македонија
23. April 2019 - 12:35

Министерот Димитров од утре во работна посета на Хаг

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Хаг, Кралство Холандија.
 
Како што соопшти МНР,  Димитров во Хаг ќе оствари средби со холандскиот колега Стеф Блок, како и со претставници на канцеларијата на холандскиот премиер, на Министерството за надворешни работи и членови на Парламентот.
 
Министерот Димитров ќе има обраќање и пред парламентарниот Комитет за европски прашања, каде ќе го презентира напредокот на Република Северна Македонија во изминатиот период и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, во пресрет на овогодинешниот Совет на ЕУ во јуни.