Македонија
10. July 2017 - 8:39

Министерот Димитров во работна посета на Австрија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Република Австрија, на покана од австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц. 

 - Во рамките на посетата, предвидено е министерот Димитров да оствари средби и со членови на Комисијата за надворешна политика во австрискиот Национален совет, како и со претседателот на Комората на индустријалците на Австрија, соопшти Министерството за надворешни работи.