Бизнис
24. јуни 2016 - 19:49

Миновски: Заради политичката криза потребни корекции во државната каса

Политичката криза влијае врз економијата и затоа неопходна ќе биде корекција на државата каса. Домашните компании се воздржуваат од инвестиции, граѓаните од потрошувачка, банките се попрудентни  при одобрувањето кредити. Токму затоа, ребаланс на буџетот мора да има, истакна новиот министер за финансии Кирил Миновски во интервју за МИА. Неизвесноста во политичката ситуација  во првиот квартал ги намали бруто инвестициите и придонесе за помал раст од очекуваниот. Целта на Владата е да обезбеди ликвидност на приватниот сектор преку редовна  исплата на плати, пензии, субвенции, социјалната помош, но и да се задржи соодветно ново на капитални расходи за да се поддржи економскиот раст.

- И покрај здраво поставените економски политики, политичката криза почна да ги дава резултатите. Поради тоа треба да се направат корекции во државната каса и ние тоа ќе го направиме. Ребалансот ќе биде одговор на ефектите од политичката криза, односно реакција на забавувањето на растот преку поддршка на приватната потрошувачка и јавните инвестиции. Капиталните инвестиции остануваат на високо ниво, повисоко од минатата година. Продолжуваме со спроведување на крупните инфраструктурни проекти. Продолжуваме со изградба на автопатишта, на регионални патишта, локални патишта, со реконструкција на железницата, со изградба на училишта, болници, истакнува Миноски.

Согласно владините ветувања дадени  пред граѓаните , најавените покачувања на социјалната помош во јули и пензиите во септември ќе се реалзираат, додава Миновски. За евентуалното издавање еврообзница, во моментопв се испитува пазарот на капитал.  Влиајние ќе има пролонгирањето на политичката криза  и напуштањето на Британија од Унијата. На еврообврзницата може да се гледа и ко на банкраска гаранција во народната банка, која ќе обезбеди сигурнист доколку политичката криза се прологира.

- Со внесот на свеж капитал во земјата, освен гаранција за макроекономска стабилност, ќе се придонесе и за придвижување на економијата која е под влијание на политичката криза. Влезот на странски капитал ќе придонесе за намалување на задолжувањето на домашен пазар, што ќе ја зголеми сумата за кредитирање и ќе поттикне инвестиции кај домашните фирми. Од друга страна ќе влијае и на зголемување на приватната потрошувачка. Сето тоа ќе резултира со раздвижување на економската активност и поголем економски раст, додава Миновски.

Како приоритети на новиот министер ќе му бидат и отворањето нови работни места , подобрување на животниот стандард на граѓаните, привлекувањето на странските и поттикнувањето на домашните инвестиции, континуирано подобрување на деловното опкружување и јакнење на фискалната дисциплина. Во креирањето нови работни места, покрај поволностите на Македонија вработува, значајна улога имаат и странските инвестиции. Минатата година инвестирале 30 странски  компании, а од почетокот на годината до мај 17 објавиле дека или ќе инвестираат , или да почнале со градба или со производство. До крајот на годината Миновски очекува уште толку компании да донесат одлеку за инвестирање во Македонија.