Македонија
4. February 2021 - 12:30

Мисајловски: Македонија со Заев е хибриден режим, невини во затвор, криминалци на слобода, излез е оставка на Владата

Македонија официјално е хибриден режим, кој е еден од најкорумпираните во Европа!

Ветуваа живот, велеа "можеме", секој збор им беше Европска Унија, а сега се натпреваруваме на рангирањата со Африка, лидери во корупција и лош живот.

Земјава е хибриден режим со причина.

Македонија со Заев стана земја на политички затвореници, додека вистинските криминалци се на слобода. Токму затоа Економист цени дека Македонија не е демократија.

Нема ниту правда, ниту мир. Денес нема задоволен граѓанин. 3000 предмети се заглавени во судските лавиринти. Најмалку овие предмети се борба против корупција, а најмногу граѓански прекршоци, кои потврдуваат дека нема правда за граѓаните.

Во 2020 година сме добиле полоша оценка од 2019 година, со тоа се гледа дека нема подобрување, туку имаме уназадување. Ова е втор лош резултат за земјата, кој го дава угледен меѓународен фактор, кој пред неколку дена на индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл се најдовме на 111 место во друштво со Монголија.

Лошите оценки и реалноста, дека тука нема демократија, туку режим ги брка и постојните инвеститори во земјата. Пред само неколку дена претседателот на  Асоцијацијата на странски компани со технолошко напредно производство, кажа дека во земјава, иако имале свои капацитети, не се одлучиле да реинвестираат многу компании туку заминале во Србија како: Адиент, Кромберт и Шуберт и Аптив. Ова се компании, кои доколку во Владата гледале стабилност, сигурност и правна извесност ќе останеле во Македонија и наместо да инвестираат на непознат пазар ќе го проширеле бизнисот тука.

Кога поднесовме интерпелација за министрите за борба против корупција и министерот за правда,  од Владата се правдаа дека лошите оценки биле перцепција. Денес е јасно дека Владата ја носи државата кон бездна. И оставката на овие двајца министри не е доволна.

Владата после вакви катастрофални оценки најмалку што треба да направи е да поднесе колективна оставка. Нема ниту една причина да се губи и краде иднината на граѓаните.

На државата и треба пад на оваа корумпираната влада и рестартирање на општеството. 

На народот му треба надеж, стабилност и порака дека може и мора поинаку. 

Деновите на Владата се изброени, да се избориме за иднината.

 

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ