Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека ЕУ ќе ги принуди фармацевтските компании да ги исполнат договорите за испорака на вакцини со земјите на ЕУ, но исто така призна дека европскиот блок тешко ќе ја исполни својата цел за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото.
Тој за француското радио Еуроп-1 рече дека ЕУ планира да ја принуди фармацевтската индустрија да ги почитува потпишаните договори.
Сепак, со оглед на логистичките предизвици и бавната вакцинација во ЕУ досега, Мишел посочи дека ќе биде тешко да се исполни целта на Европската комисија до крајот на летото да се вакцинира 70 отсто од возрасната популација.
ЕУ склучи шест договори за вакцини за повеќе од две милијарди дози, но само вакцините на Фајзер-Бионтек и Модерна досега се одобрени за употреба.
Европската агенција за лекови во петок треба да разгледа дали да одобри употреба на вакцината на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите