Бизнис
11. March 2016 - 8:29

Мизо на состанок со директорите на компаниите лоцирани во зоните

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо денеска ќе одржи состанок со  директорите на компаниите лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони.

Како што информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, темите кои ќе бидат рагледувани на состанокот се поврзани со  последните законски измени и процедури во врска со заклучоците од  Економскиот совет,  предлози за унапредување  на соработката  со домашните компании, можностите за поефикасно работење во зоните и сите дополнителни информации и идеи од страна на инвеститорите,  со цел подобрување на условите за работа и функционирање во зоните.