Македонија
30. January 2020 - 12:49

Мизрахи: Заменичката Шкријељ продолжува да ја опструира работата на Министерството за труд

Вработените во министерството да не подлегнуваат на притисоци и закани од страна на дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ рече дополнителната министерка за труд и социјална политиха Рахела Мизрахи.

Министерката тврди дека иако и понудила соработка на својата колешка, Шкријељ одбила и ја опструирала работата на министерството. 

Според Мизрахи, вработените, реагирале зошто на решенијата за плати и распоредување немало потписи и од Шкријељ.

За мислење министерката се обратила до ДИК, од каде дале мислење дека за овие одлуки доволен е потпис само од министерката.

Мизрахи ги охрабри вработените да не се плашат и да продолжат професионално да  ја вршат работата  во полза на граѓаните.

Елена Милошевска