Македонија
13. March 2018 - 10:18

Млад скопјанец со голф падна во Маркова река, тешко повреден префрлен во болница

Вчера во 14,25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден Р.Ш.(21) од с.Батинци- скопско кој се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева клучна коска) при сообраќајна незгода во која управувајќи патничко моторно возило„Голф“ со скопски регистерски таблици излетал од коловозот и паднал во Маркова река.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.