Кошарка
10. July 2017 - 10:31

Младинците вторпат подобри од Косово

 
Младинската репреззентација на Македонија вторпат беше подобра од селекцијата на Косово во овој подготовителен период во пресрет на Европското првенство. Со 66-68 (13-14, 19-19, 14-13, 20-22) избраниците на Мирко Петрески ја запишаа првата победа на гостински терен оваа календарска година, втора над врсниците од Косово.
 
Овој натпревар беше последен на младинската селекција во рмаки на подготвителниот период. Во наредните два дена селекторот Петрески заедно со членовите на својот стручен штаб ќе мора да ги одбере дванаесетмината кои ќе ги бранат боите на Република Македонија на Европското првенство (Дивизија Б) кое од 14. јули до 23. јули ќе се одигра во Орадеа, Романија.
 
СТРЕЛЦИ: Робев (12 поени), Пандев (9), Мамузиќ (5), Маслинко (8), Митев (8), Атанасов (4), Митков (3), Двојаковски (5), Ефремовски (4), Прентовиќ (8), Тодоровски (2)