Македонија
12. November 2018 - 16:30

Младите лекари бегаат од Македонија поради платата но и лошите услови за работа

Паралелно со запишување на медицинскиот факултет идните лекари почнуваат да учат германски. Се повеќе студенти по медицина велат дека иднината ја гледаат во странство.

Загрижувачката статистика на одлив на кадар не запира. За седум години од Македонија си заминале над 1200 доктори. Платата, непотизмот, партизацијата се дел од причините зошто младите лекари бегаат од државата.

-Кога гледаме колку се трудиме и не го добиваме тоа што го заслужуваме, добиваат синови на професори или по партиска линија, а тоа е многу често и не демитивира, изјави Соња Грждани, студентка шеста година на медицина.

-Се соочуваме демотивирачки, платите се само една од причините, изјави д-р Никола Брзанов, претседател на Клуб на млади лекаи.

Министерот за здравство одговори дека состојбата неможе да се смени преку ноќ. Правеле напори за повисоки плати, но и подобри услови за студирање и работа.

На неделата посветена на студентите по медицина генералниот директор на Алкалоид порача дека мора да се мотивираат младите за да останат да работат во државата.

-Сакаме со студентите по медицина да бидеме отворени на некој начин да најдеме модули да пробаме да им помогнеме, нормално да си го завршат факултетот и на некој начин да ги охрабриме да останат тука да работат и заедно да градиме едно подобро општество, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид АД Скопје.

Клубот на млади лекари со подршка од Алкалоид  денеска на сите 1000 студенти на медицина им доделија нови мантили и најавија дека соработката ќе продолжи и во иднина.