Loading Video...
Ракомет
30. July 2018 - 13:32

Младите македонски ракометари заслужено во елитното европско друштво

Со успешен крај, онаков на кој се надевавме, младите македонски ракометари го заокружува настапот во Б дивизијата на ЕП за играчи до 20 години што се одржуваше во Скопје. 
 
Со пет победи и едно реми, младата ракометна репрезентација на Македонија го освои првото место на Европскиот шампионат чиј домаќин беше Скопје. 
 
Иако можеби не одиграат како што посакуваа во групната фаза, но во клучните дуели полуфиналето со Фарските Острови и особено финалето против Белорусија, избраниците на селекторот Данило Брестовац потврдија дека заслужуваат да бидат дел од елитата, односно да настапуваат во А дивизијата на континанталниот шампионат 
 
Колективната игра и тимскиот дух кој го красеше нашиот национален тим во текот на целиот шампионат секако дека се најголемите придобивки за оваа генерација, во која има неколкумина одлични поединци. 
Еден од нив Марио Танкоски беше избран и во идеалниот тим на шампионатот 
ТОНСКИ - Марио Танкоски,
 
Со тоа оваа генерација на ракометари се избори за учество на Европскиот шампионат во 2020 година, а даде и добар пример на помладите,