Фудбал
31. December 2020 - 10:43

Модриќ го постигна својот прв гол со глава по 364 натпревари за Реал

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ синоќа на средбата со Елче (1:1) во 16. коло од Ла Лига, се запиша во листата на стрелците.

Во 20. минута, играчот од средниот ред Лука Модриќ ја искористи шансата и топката одбиена од гредата по ударот на Марко Асенсио, со глава ја смести во противничкиот гол.

Модриќ го постигна својот прв гол со глава на 364 за Реал Мадрид. Вкупно, Модриќ има 26 гола за „кралскиот клуб“.

Лука игра во Реал Мадрид од 2012 година. Тој освои 17 трофеи со тимот, вклучувајќи четири Лига на шампиони и два трофеја во шпанското првенство.