Фудбал
8. October 2020 - 10:31

Модриќ: Моето семејство го сака Мадрид, сакам да ја завршам кариерата во Реал

Играчот за врска на Реал, Лука Модриќ проговори за неговата желба да ја заврши фудбалската кариера во мадридскиот клуб.

– Секако, би сакал да останам во Реал. Мадрид е мојот дом, сакам да го обновам договорот со клубот. Сепак, сè зависи од партнерите и тренерот, не сакам да бидам товар. Мојата сопруга и децата го сакаат Мадрид, ние би сакале да останеме тука откако ќе го завршам фудбалот. Да одлучев сега, ќе ја завршев кариерата во Реал Мадрид, изјави хрватскиот репрезентативец за „Марка“.

Модриќ игра за Реал Мадрид од летото 2012 година. Договорот на 35-годишниот Хрват со Кралскиот клуб завршува во летото 2021 година.