Фудбал
4. December 2018 - 19:58

Модриќ прв фудбалер со четири трофеи

Лука Модриќ  го доби признанието Златна топка во изборот на Франс фудбал и ФИФА со што успеа за првпат по10 години да ги тргне од пиедесталот  Роналдо и Меси.

            Модриќ  ја прекина доминацијата на најдобрите светски играчи  откако на свечената церемонија во Париз  му беше доделено големото признание од  еден од најпрестижните светски спортски весници.

            Она што го прави бесмртен 33-годишниот  хрватски фудбалер е што е првиот со четири признанија во една сезона што не им успеа претходно дури ниту на Роналдо ниту на Меси.  Најдобар фудбалер на Мундијалот во Русија, потоа  најдобар во изборот на ФИФА и во изборот на УЕФА.  Четвртото признание е златната топка од Франс фудбал.

            Според гласовите на второто место се најде Кристијано Роналдо а на третото Гризман. 

            Да потсетиме признанијата за Модриќ  дојдоа со освојувањето на вицешампионската титула на СП во Русија и титулата европски шампион со Реал Мадрид.

            Своите номинации за изборот на најдобрите ги објави денеска фудбалската федерација на Македонија. Најмногу номинации имаат фудбалерите на  македонскиот првак Шкендија кои доминираат и во младинските категории.