-->
-->
Модриќ за 400 натпревари за Реал: Ми се исполни сонот да играм овде
-->
– Фудбалерот од средниот ред Лука Модриќ во неделата го одигра својот 400. натпревар за Реал Мадрид. На неговиот јубилеј, Реал ја совлада Барселона на гостински терен со 2:1 во 10. коло од Ла Лига.
– Ова е неверојатно достигнување, горд сум и многу среќен поради тоа. Се надевам дека ќе одиграм уште многу натпревари. Сè ми оди добро во Реал Мадрид од самиот почеток. Никогаш не мислев дека ќе успеам да го постигнам ова што го направив до сега. Го исполнив мојот сон да играм за Реал Мадрид. Благодарен сум за сите моменти што ги доживеав овде и нема да застанеме тука, изјави Модриќ.
Хрватскиот фудбалер за Реал настапува од сезоната 2012/13.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка