Могерини: Европа има потреба од мигрантите
Европа има потреба од мигрантите за својата економија, изјави денеска во Валета високата претставничка на Европска комисија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Таа додаде дека населението на ЕУ старее и оти земјите-членки имаат потреба од работна сила.
- Проблемот со миграциската криза може да биде решен само по пат на соработка, без изградба на ѕидови, истакна Могерини на почетокот на средбата Европа - Африка, посветена на миграциската криза, што се одржува на Малта, која претседава со ЕУ.
Могерини истакна и дека африканските држави треба да имаат во предвид дека трпат загуби од илегалната трговија со луѓе.
Таа во текот на денот ќе присуствува на церемонијата во Валета на врачувањето на дипломи на 89 претставници на либиската крајбрежна стража, обучени од европската воена морнарица за борба против криумчаррите на мигранти во Средоземно Море.
Ново на Сител
-
Израел се подготвува за инвазија во Либан
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти