Македонија
2. March 2017 - 15:52

Могерини на средба со политичките лидери во Собранието

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини попладнево во Собранието на РМ одржува заедничка средба со лидерите на парламентарните партии.

На средбата од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваат претседателот Никола Груевски, Никола Поповски, Александар Николовски и Никола Тодоров, од СДСМ лидерот Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, од ДУИ претседателот на партијата Али Ахмети придружуван од пратеникот Артан Груби, лидерот на ДПА Менудх Тачи и од БЕСА претседателот на партијата Билал Касами, Африм Гаши и Фадил Зендели.

Могерини попладнево ги започна средбите во Скопје со разговори со претставници на невладиниот сектор, а по средбата со лидерите во Собранието во вилата Водно ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов.

Могерини допатува во Македонија по средбите што ги имаше во Црна Гора во рамки на турнејата по земјите од Западен Балкан.