МОЈОТ ВУЈКО

Loading Video...

Нова играна серија со возбудлив заплет и неброени комични ситуации. Дамнешна трагедија и исчезнувањето на најмалиот член на едно семејство, ќе предизвика голема тага и исчекување дека низ годините мистеријата на исчезнувањето ќе биде решена.

Сите обиди да се пронајде исчезнатиот Тарик ќе останат безуспешни , се додека после 25 години судбината сама не го доведе на прагот од неговото загубено семејство.

Во сета таа приказна, главниот двигател на настаните е малечката хероина која ја познаваме од брилјантната улога во серијата Се викав Мелек, а која сега го игра ликот на Пелин, внука на Тарик.

Не пропуштајте да запливате во водите на позитивните семејни сплотености, мали недоразбирања и големи мигови на среќа, смеа и радост.