Македонија
20. May 2018 - 12:04

Момче (25) тешко повредено, со мотоцикл удрило во стадо овци кај Козјак

Вчера во 12,00 часот на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ „Козјак“, атар на село Говрлево, М.Х.(25) од Швајцарија, кој живее во Скопје, управувајќи мотоцикл „Априлија“ со германска национална ознака удрил во стадо овци (водени од 55 годишно лице од село Горно Јаболчиште) кои го преминувале патот.

По незгодата М.Х. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување.