Македонија
8. February 2016 - 17:33

МОН продолжува со парично стимулирање на учениците кои ќе освојат награда на натпревар

Продолжува финансиската поддршка за учениците кои ќе добијат награда на државен или меѓународен натпревар.

И годинава, учениците и нивните ментори кои ќе освојат една од првите три награди на меѓународен натпревар по математика и природни науки, заедно со своите наставници ќе бидат наградени од Министерството за образование.

Конкурсот е во тек и ќе трае до 30 јуни. Според заменик министерот за образование, преку овие награди учениците стекнуваат знаења кои не се од корист само на натпревари туку и во пракса, со што стануваат поконкурентни на пазарот на труд.

Паричен надомест во висина од 50% од просечната македонска плата ќе добијат и учениците заедно со своите ментори кои ќе освојат прва награда на државен натпревар, за што може да аплицираат до 31 август. По овој основ лани биле наградени 156 ученици.    

Во оваа насока пред неколку дена нова мерка најави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Мерката за поддршка на младите амбасадори предвидува едногодишни стипендии за средношколците кои ќе освојат награда на интернационални научни олимипјади.

Според Груевски мерката која значи голем стимул за младите, ќе започне да се применува од октомври годинава.