Македонија
7. July 2021 - 9:45

МОН: Субвенциониран оброк може да користат редовните студенти од државните и од приватните универзитети

Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и на приватните високообразовни установи.

Оваа финансиска поддршка ќе почне од октомври годинава. За да ги добијат средствата, студентите покрај тоа  што треба да се државјани на Република Македонија, не треба да се во редовен работен однос; да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Правото на субвенциониран студентски оброк ќе се остварува преку аплицирање, за што МОН, како што наведува, дополнително и навремено ќе ја информира јавноста.