Loading Video...
Фудбал
5. November 2017 - 19:56

Мората го „реши“ дербито Челзи - Манчестер Јунајтед

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората му донесе победа на својот тим Челзи во дербито против Манчестер Јунајтед. 
 
На средбата од 9.коло на англиската Премиер лига одиграна на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон тимот на Челзи го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 со голот на Мората постигнат во 55 минута. 
 
Со оваа победа и новите три освоени бодови, лондонските „сини“ фатија приклучок со Тотенхем и Јунајтед кои сега имаат само еден бод повеќе од Челзи.
 
Во дуелите кои се одиграа претходно денеска Тотенхем со 1-0 го совлада Кристал Палас, додека Манчестер Сити беше подобар во дербито од Арсенал со 3-1.
 
Табела:
Манчестер Сити 31 бодови, 
Манчестер Јунајтед 23, 
Тотенхем 23,  
Челзи 22, 
Ливерпул 19, 
Арсенал 19, 
Барнли 19....