Балкан
25. July 2017 - 11:19

Московиси во посета на Атина

Ние ќе ги исполниме нашите обврски и кога ќе дојде време, партнерите ќе го направат она што треба да направат за прашањето на долгот, рече грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на денешната средба во Атина со еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси.

- Сакаме Грција да се врати во нормала и да остане на курсот. Може да сметате на нас, истакна Московиси.

Еврокомесарот денеска во Атина ќе се сретне и со премиерот Алексис Ципрас, со лидерот на опозициската Нова демкратија, Кирјакос Мицотакис и со гувернерот на Банката на Грција, Јанис Стурнарас.