Спорт плус
17. September 2022 - 19:53

Мото Џи Пи: Бањаја прв стартер во Арагон

Пол позиција за Франческо Бањаја  на утрешната трка за ГН на Арагон од шампионатот во Мото Џи Пи. 
Бањаја до првото стартно место дојде  по голема борба со клупскиот другар од Дукати Џек Милер кој заостана 90 илјадинки. 
Третата стартна позиција му припадна на Бастијанини додека водечкиот во генералниот пласман Фабио Квартараро ќе стартува од 6. Позиција.