Македонија
29. November 2017 - 12:41

Мотоциклист прегази пешак во скопска Кисела Вода

Несреќа се случи предмалку во скопската населба Кисела Вода. Мотоциклист предмалку удри пешак на паркинг на улицата Огњан Прица бр. 1 во населбата Кисела Вода. Од силниот удар пешакот летнал во воздух и паднал во несвест. Според очевидци на настанот, пешакот е во животна опасност, но веднаш на местото на настанот пристигнала екипа на брзата помош, пишува Нова Македонија 

Тешко повредениот пешак и полесно повредениот мотоциклист во моментов се пренесуваат во скопската градска болница. На местото на несреќата се чека да пристигне полицијата и да изврши увид.