Живот
29. October 2015 - 18:15

Мрачната страна на хотелските соби: 8 тајни од кои ќе ве полазат морници

Вработени во различни хотели, овие луѓе на Редит и Куори споделиле тајни кои нема да сакате да си ги признаете, особено ако поминувате долго време во хотелски соби. 

1.Смртни случаи

Помеѓу  најчестите тајни кои се кријат од клиентите е бројот на луѓе кои починале во хотелските соби. Еден корисник кој за време на празниците работел во хотел, се сеќава како еден гостин се обесил во собата, а мртвото тело го пронашла чистачката.

2.Славни личности

За разлика од првата тајна оваа и не е така лоша. Имено, постои голема веројатност во собата каде што престојувате вие, претходно да гостувала некоја славна личност.

-Освен ако не случајно не се сретнете со некоја ѕвезда, вие никогаш нема да знаете, односно нема да ви биде откриено дали и која славна личност спиела во вашиот кревет, вели вработен во хотел.

3.Врски и афери

Вработените многу добро знаат кои гости доаѓаат поради афера: „Да, знаеме да препознаеме. И воопшто не не’ интересирате. Но знајте дека штом ќе влезете во хотелското лоби, веднаш можеме да препознаеме дали сте со сопруг или со „вашата друга половина“.

4.Полиција

Речиси сите хотели, добри или лоши се поврзани со локалната полиција. Тоа нема никаква врска со гостите, туку едноставно таму каде што се собираат поголем број на луѓе, има поголеми шанси за настанување проблеми.

5.Хигиена

Речиси сите предупредуваат да не ги допирате прекривките, јорганите и далечинското. Нив никогаш не ги перат!

Вработените предупредуваат да не се користат чашите, затоа што ретко кога се мијат како што треба. И да не гледаат под креветот или на другите тешко достапни места, затоа што нив не ги чистат.

-Ставете пешкири или нешто друго, на столиците или двоседот, затоа што многу големи се шансите некој на нив да седел ГОЛ. Тоа е ужасно, и иако многу често гледаме кафеава флека на столицата, ретко кога би ви текнало дека е нешто смрдливо...“.

6.Откажување

Ако сакате да откажете резервација во последен момент, но не сакате да го изгубите депозитот кој сте го оставиле, поместете ја резервацијата за неколку дена. Почекајте неколку часа и повторно јавете се и побарајте да ви ја откажат резервацијата.

7.Резервација

Никогаш немојте да резервирате соба преку посредник. Многу често најевтината опција е сами да дојдете и да резервирате.

8.Бесплатни работи

Бидете пристојни кон вработените, особено кон вратарот:

„Јас на пример можам да ви дадам бесплатни флаша со вода, карта за паркинг, да ве превозам ако станува збор за некоја пократка релација, да ви резервирам нешто, да ви организирам хемиско чистење, па дури и да ви помогнам да добиете подобра соба. И сето тоа ќе го направам само ако ме замолите учтиво. Но тоа никој не го прави, затоа што сите си викаат: Тој е само вратар!“