МТСП и Филозофскиот факултет-Скопје потпишаа Меморандум за соработка
Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“-Скопје, Горан Ајдински денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Во Меморандумот, како што соопшти МТСП, се прецизирани повеќе области на соработка и заемна помош: практичната работа на студентите од студиските програми на институтите за социјална работа и социјална политика, социологија, психологија, педагогија, дефектологија и семејни студии на првиот и вториот циклус студии, остварување на општествено корисна работа, научно-истражувачката и апликативната дејност, заемна соработка и помош во организирање и спроведување на обуки, тркалезни маси, дебати, конференции ...
На средбата, како што соопшти МТСП, било разговарано за досегашната и идната соработка помеѓу факултетот и институтите во негов состав и Министерството за труд и социјална политика.
Филозофскиот факултет – Скопје ќе обезбеди две школарини за запишани студенти на прв циклус студии за деца од социјално загрозени семејства (корисници на права од социјална и детска заштита) и две школарини за втор циклус студии на Филозофски факултет - Скопје за вработени во Министерството за труд и социјална политика и јавните установи под негова надлежност.
Министерката посочила дека во духот на унапредувањето на соработката, а од интерес на Министерството и на високообразовните институции во Република Македонија ќе продолжат да градат партнерски односи по примерот на денешниот склучен Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет – Скопје и Меморандумот со факултетот за безбедност – Скопје склучен на 15 септември оваа година.
Со овие меморандуми за соработка, како што посочува, ќе придонесат за стручната и образовната надградба на вработените во Министерството и ќе им помагнат на студентите од семејствата кои користат право од социјална/детска заштита да студираат без школарина на овие два факултети.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица