МТСП: Протоколот е изготвен и прифатен од градинките, групите се прилагодуваат согласно насоките
Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство е одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка.
– Согласно донесениот Протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран родител којшто е во работен однос и дете на двајца родители кои се во работен однос, а работните задачи мора да ги извршуваат на работното место. Информацијата ќе биде изработена врз основа на податоците од сите градинки, јавни и приватни, соодветно на доставените потврди од родителите, се вели во соопштението од МТСП.
Министерство за труд и социјална политика потсетува дека во соработка со Комисијата за заразни болести има изработено Протокол-оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, усвоен од Владата на 29 мај 2020 година. Тој беше испратен до јавните и приватните установи за деца – детските градинки за нивно постапување. Протоколот е објавен во „Службен весник“.
Претставниците на Министерството за труд и социјална политика појаснија дека Протоколот е прифатен од страна на сите градинки и ги прилагодуваат групите согласно насоките.
– Министерството за труд и социјална политика нема добиено насоки за измена на Протоколот, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња