МТСП: Шкријељ креира упад во нормалното функционирање на Министерството
Дополнителниот заменик-министер Санела Шкријељ креира упад во нормалното функционирање на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопшти Кабинетот на министерот за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
– Санела Шкријељ вон законски рамки ја блокира работата на министерот во МТСП, го спречува нормалното функционирање на МТСП и нормалното движење на документите низ институцијата. Санела Шкријељ со нескриена партиска агенда врши притисок и мобинг врз вработените во МТСП. Последниот истап на Санела Шкријељ е директно влијание и забрана која излегува од законските рамки да спречи архивирање на документи потпишани од Министерот за труд и социјална политика и нивно понатамошно спроведување и постапување по нив во рамките на работата на МТСП, се вели во соопштението.
Поголем дел од центрите за социјална работа под МТСП, како што се посочува, извесно време функционираат со вршители на должност на местото директори, преку овластувања издадено од претходниот министер.
– За жал, со изгласување на новиот владин состав, односно со именувањето на Рашела Мизрахи за министер во МТСП, како и на Санела Шкријељ како дополнителен заменик-министер, одреден дел од в.д. директорите создаваат дисфункција на системот со нивно отсуство, но и заради намерни пропусти и неизвршувањето на работните задачи. Зад сиот процес на создавање тешкотии во организацијата на севкупниот процес на работа, за жал стои политичка мотивација на дел од в.д. директорите, но и евидентниот притисок од дополнителниот заменик-министер во МТСП, Санела Шкријељ, стои во соопштението.
Сето ова, како што се наведува, ги надминува границите на политичка коректност, но и верба во капацитетот на кадарот Санела Шкријељ од СДСМ во насока на делување кон создавање амбиент за фер и демократски изборен процес, што е и целта на ваквиот дополнителен заменски-министер.
– Воедно, ваквото делување и демонстрирање сила, отвора сомнеж за намерно блокирање на процесите на работа на МТСП, но и обид за сокривање на претходни недоследности од минатиот министер. МТСП не смее да дозволи нефункционирање на сопствениот систем што би довело до последици кои директно ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија. Вработените во МТСП не смеат да бидат жртви на партиската агенда на СДСМ и нивниот кадар дополнителниот заменик – министер во МТСП, Санела Шкријељ, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.
Ново на Сител
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток