Џет-Сет
17. July 2015 - 15:29

Му кажа „ДА": Уште еден македонски пејач рипна во тавче

Димитар Андоновски и Ламбе Алабакоски синоќа на пациото позади Музејот во Битола одржаа хуманитарен концерт за помош на битолчанецот Пеце Роговски, а освен што ја покажаа хуманоста на дело, направија изненадување кое долго ќе се памети. Имено, младиот македонски пејач Димитар по настапот од сцената јавно ја побара за сопруга својата девојка Христина, која пресреќно рече „ДА". 

Парот е во врска речиси една година.

Нека им е со среќа!