Македонија
3. July 2016 - 12:30

Му немаше спас, млад живот згасна на патот кај Радовиш

Вчера околу 15,40 часот на магистралниот пат помеѓу Радовиш и Струмица, пред надвозникот за с.Јаргулица- радовишко, случена е сообраќајна незгода помеѓу возило „Форд“ со струмички регистерски ознаки управувано од А.Д. (33) од Радовиш и патничко возило „Фолксваген“ со радовишки регистерски ознаки управуван од У.Д. (25) од Радовиш,.
 
Во незгодата на самото место починал А.Д.а сопатникот Р.Д. (29) од Струмица се здобил со тешки телесни повреди (скршеница на двете надколеници) и по укажаната лекарска помош во МЦ-Струмица бил пренесен во КЦ-Скопје.
 
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР- Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.