Бизарно но вистинито
18. May 2016 - 11:41

Му се скршил пенисот среде секс - Додека стигнал во болница станал сосема црн

До пристигнувањето во болница, на овој 32-годишен маж пенисот сосема му поцрнел, од него капела крв, а болките биле неподносливи. За сето ова виновен бил жестокиот секс, признал подоцна.

Тоа беа најлошите моменти во животот на овој Индиец. За време на многу жесток секс, тој слушнал звук на кршење и осетил ужасна болка помеѓу нозете. Почнала да тече и крв. Панично заминал во болница во Њу Делхи, но кога стигнал половиот орган веќе му бил црн и навален на едната страна.

Лекарите прво направиле ултразвук и заклучиле дека неговиот орган е скршен, на некој начин. Иако пенисот нема коска која би можела да пукне, неговиот сунѓераст слој може да се згмечи или пак истегне. Кај несреќниот Индиец била растргана цела десна страна на тој слој, пенисот бил потечен и полн со крв. По операцијата во која вишокот крв била отстранета, пенисот полека почнал да се враќа во нормала.

Експертите предупредуваат дека освен за време на жесток секс, овој вид на повреда може да се случи и при мастурбирање, пишува „Дејли мејл“.