Македонија
27. January 2019 - 11:00

Му ставија лисици на Ќафасан, по него имало меѓународна потерница

Вчера во 16:45 часот на Граничен премин Ќафасан на влез во Република Македонија, при пасошка контрола на Ј.К.(50) од Р.Албанија со албанска лична карта било утврдено дека лицето евидентира во систем и има активна меѓународна потрага по него.

Лицето е лишено од слобода и предадено во Полициска станица Струга за понатамошна постапка.