Муцунски: СДСМ загуби, затоа Заев треба да си поднесе оставка
Поминаа 31 ден. Нема ниту траг од исполнувањето на јавното ветување на Зоран Заев дека ќе си поднесе оставка доколку СДСМ ги изгуби изборите. Народот за ова вика „образ како ѓон“. СДСМ загуби, а раководството е поразено, рече на денешната прес-конференција Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Ова раководство на СДСМ и официјално го загуби кредибилитетот од граѓаните. Граѓаните испратија порака. Мнозинството граѓани силно и одлучно кажаа стоп на разградувањето на државата и креирањето кризи од страна на СДСМ, истакна Муцунски.
Посочи дека нема друг пример во која било земја лидерот на опозицијата да доживее пораз, да биде фатен на видео како прима поткуп од 200 илјади евра, да биде аболициран за криминал од 8.5 милиони евра, да дели тендери на фирми на свои блиски роднини и пријатели и повторно да излезе и да ја лаже јавноста. - Затоа треба Заев да си поднесе оставка, додаде Муцунски.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто