Македонија
27. November 2016 - 10:18

Мултимедијална изложба на американскиот уметник Кервин Кендел Вилијамсон

Мултимедијална изложба подготвена од американскиот фотограф Кервин Кендел Вилијамсон ќе биде отворена вечерва во Младинскиот културен центар во Скопје.

Вилијамсон преку изложбата се обидува да ја долови комуникацијата меѓу културите на западот и истокот, границите меѓу реалното, надреалното и симулираната реалност создадена од дигиталното доба преку визуелно претставување на идеите, формите и начините кои го создаваат нашето урбано опкружување.

На изложбата учествуваат и македонските уметници Лени фон Гелева, Никола Џилвиџиев, Мелани Дигит Димитровска и Горан Димов, како и американската фотографка Ешли Гарнер.

Изложбата ќе биде отворена до 4. декември.