Македонија
30. October 2018 - 8:40

Мултисекторска работилница за имплементација на Акцискиот план за незаразни болести

Мултисекторска работилница за имплементација на Акцискиот план за незаразни болести на Република Македонија почнува денеска во Скопје, во организација на Министерството за здравство.

Работилницата ќе ја отвори министерот за здравство Венко Филипче, а ќе присуствуваат и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во РМ, Џихане Тавила и директорот на Канцеларијата на СЗО за незаразни болести во Москва, Жоао Бреда.