Фудбал
7. February 2021 - 19:22

Мурињо: Кејн ќе ги сруши сите можни рекорди, тој е многу важен за Тотенхем

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го истакна значењето на Хари Кејн за Спарси. Кејн беше стрелец за Тотенхем на првиот гол во денешниот триумф над ВБА со 2:0 во 23. коло од Премиер лигата.

– Ми се допадна односот на играчите, нивните напори, нивната смелост и јасна желба да им покажат на сите како играат заедно, колку се грижат за слабите резултати и колку копнееја да победат. Тоа е најважно. Во првото полувреме доминиравме и можевме да го завршиме натпреварот пред предвидениот рок. За време на паузата, имавме самодоверба, разговарав со играчите само една минута. Се движевме во вистинската насока. Хари Кејн е многу посебен играч во историјата на овој клуб. Тој ќе ги сруши сите можни рекорди. На крајот на сезоната ќе бидеме таму каде што заслужуваме да бидеме, изјави Мурињо.

Тотенхем по 22 кола има 36 бода и се наоѓа на 7. место на премиерлигашката табела.