МВР, Центар и НВО ќе работат заедно за заштита на животните
Претставници на организациите за заштита на животните, командирот на полициската станица „Центар“ и претставници од одделот за превенција при МВР денеска се сретнаа со градоначалникот Андреј Жерновски и договорија продолжување и интензивирање на соработката.
Општина Центар информира дека по минатонеделната прва средба и јасно пратените пораки во голема мера се намалени случаите на труење и поставување отров за кучиња. Додаваат дека треба да се работи на градењето и оформувањето на свеста дека со труењето се предизвикува општа опасност, што е сериозно кривично дело.
Невладините организации ќе изготват и ќе достават до МВР барање за потпишување заеднички Меморандум за соработка на територијата на општина Центар. По празниците ќе се организираат заеднички средби со граѓаните за едукација и проверка на околината, на досега најкритичните места околу Универзална сала, во Капиштец и во Дебар Маало.
- Иницирано е менување на Законот за полиција со цел да се прецизира кога може полицијата да интервенира доколку се забележи мачење на животни, соопшти општина Центар.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош