Македонија
31. December 2018 - 9:08

МВР потврди: Шоферот на Али Ахмети бил приведен пред пет дена

На 25.12.2018 година во 21,40 часот во Полициска станица Карпош е приведен Ш.И.(44) од село Зајас, кичевско, поради сомнение дека на патничкото моторно возило “Ауди” кое го управувал има регистарски ознаки од друго возило, потврдија од МВР за „Република“. Како што информираа случајот бил објавен во извадокот од дневните настани на сајтот на МВР на 26.12.2018. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.